Министерите Груби, Османи и Бектеши го посетија Музејот на Албанската азбука во Битола

Од:

Министрите Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши заедно со делегации од државата и странство во Битола ја посетија Националната установа Музеј на албанската азбука, куќата во која на 22 ноември 1908 година е одржан битолскиот Конгрес и унифицирана албанската азбука.

-22. Ноември е многу значаен ден за сите Албанци, не само за албанците што живеат во Северна Македонија, туку и за албанците што живеат во Албанија, Косово и затоа радосен сум што го одбележуваме овој ден. Во Битола во НУ Музеј на албанската азбука ги видовме сите градежни активности што се реализираат преку ИПА програмата на ЕУ, проект што во висина од 240.000 евра го доби оваа установа за реновирање на музејот. Упатувам искрени честитки до сите албанци по повод Денот на албанската азбука, истакна првиот земеник на претседателот на владат и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

На новинарско прашање во врска со барањата на опозицијата за формирање на експертска влада, министерот Груби истакна дека Република Северна Македонија има легитимна и демократски избрана Влада која на најдобар можен начин се справува со епидемијата, со економските и политичките предизвици.

-Ние очекуваме опозицијата да ги поддржи сите овие напори за да ја интегрираме државата во ЕУ, да ги почнеме преговорите, да помогнат да го заштитат здравјето на пратениците, на граѓаните и да поддржат одржување на онлајн седници, и да бидат конструктивни во донесувањето на законите и на функционирањето на Собранието бидејќи од владата имаат подадена рака за соработка за сите законски решенија во собранието како и битни одлуки во земјата, истакна Груби на прес конференција во Битола.

Би можело да ве интересира

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на албанската азбука

Катерина Павлова-Николовска

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Катерина Павлова-Николовска

Почна одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември

Ана Ололовска

Заев: Да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво

Џафери: Само граѓанските општества можат да бидат моторот што ја води напред нашата држава

(ВИДЕО) Заев: Со празнувањето на Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

Ана Ололовска