ВИДЕО: Почна лидерската средба за текот на преговорите за името

Од:

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.

Покрај претседателот Иванов на средбата се присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска како и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Пред Клубот на пратеници во исто време мала група луѓе протестираат против прегворите за промена на името на Макеоднија.

Пред два дена А1он дојде до информација дека најновиот предлог за името во преговорите со Грција е „Република Илинденска Македонија“. Ниту од Владата, ниту пак од МНР не беше демантирана оваа информација, а за истиот предлог кој според дипломатските извори е поставен од македонската страна се шпекулира и во грчките медиуми.

– Како што изјави премиерот Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни, соопштија вчера од Владата.

Грчкиот весник „Катимерини“ објави текст со изјава на извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија во која тој тврди дека двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска