Почна кампањата за заштита од дискриминација на локално ниво

Од:

Невладината организација „Хера“ заедно со Коалицијата Секусални и здравствени права на маргинализирани заедници и Координативното тело на Општина Штип за заштита од дискримунација денеска со организирана тракалезна маса ја почна кампањата за заштита од дискриминација на локално ниво.

Драгана Дрндаревска координатор на проектот од НВО „Хера “ на тракалезната маса истакна дека годинава кампањата ја спроведуваат на локално ниво со цел да се зајакне заштита од дискриминација. Во кампањата се вклучени и претставници од локалната власт, замениците на народниот правобранител, Министерството за правда и невладиниот сектор.

– Освен почетокот на кампањата, тоа што денес ќе се промовира е формирање на локално Координативно тело за заштита од дискриминација, кое што ќе има цел и задача да го промовира принципот на недискриминација на локално ниво и заедно сите тела да се координираат, а со цел поефикасен одговор во поединечни случаи на дискриминација. Кампањата е пред се насочена кон сексуална ориентација и родов идентитет, а кое ги опфаќа сите други основи, но пред се дискриминацијата врз основа на род, вели Дрндаревска.

Координаторот за еднакви можности во Општина Штип, Снежана Санева вели дека како локална самоуправа имаат добиено претставки, а и имаат правено анкети на тема дискриминација .

– Немаме ние некое големо искуство за вакви случаи, едноставно граѓаните во нашата општина веројатно наоѓаат начини да се справат со овој проблем. Имавме пријави од жени, кои што доаѓаа да пријават дека не им е продолжен договорот за работа, затоа што останале бремени, вели Санева.

Таа додава дека како општина имаат спроведено анкета дали меѓу учениците постои дискриминација во основните и средни училишта во Штип. Резултатите од анкетата која е спроведена пред неколку години, како што вели Санева покажале дека учениците ги имаат наведено социјалните разлики, како причина за дискриминација.

Заменик народниот правобранител во Општина Штип, Елена Ѓорѓоновска-Манева вели дека како канцеларија во текот на минатата година немаат регистрирано ниту еден случај, односно немаат претставка од граѓанин на Штип за дискриминација по било која основа. Но на регионално ниво граѓанин има поднесено претствка за запирање на граничен премин Делчево, оваа претствка е проследена до канцеларијата на Народниот правобранител на Македонија.

Кампањата „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминрирај“ преку трибини ќе биде промовирана во пет градови во земјава, а се реализира со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Р.Македонија.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов