Почна кампањата на Црвениот крст за обезбедување храна за ранливо население

Од:

Кампања под мотото „Помислете и на нас“ преку која ќе се организираат хуманитарни активности за обезбедување храна за ранливите групи, е промовирана денеска, а ја организира Црвениот крст на Република Македонија по повод 16 Октомври, Меѓународниот ден на гладта. Храната ќе се дистрибуира преку општинските организации на Црвениот крст, а хуманитарните активности ќе се имплементираат од денеска до 23 октомври.

Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, кој рече дека во Македонија секоја година се намалува бројот на сиромашни луѓе.

– Со оваа кампања и со хуманитарните активности се приклучуваме кон напорите на Министерството за труд и социјална политика за намалување на сиромаштијата, истакна Саити и додаде дека во светски рамки бројот на регистрирани 800 милиони гладни луѓе во последните две години е за пет отсто помал од 1991/1993 година.

Потенцира дека во соработка со воспитно-образовните институции се организираат акции за обезбедување: помош во училиштата, наменета за сиромашни семејства на кои децата им учат во тие училишта, парични средства преку вредносни бонови, помош во храна во соработка со големите маркети и солидарен оброк во соработка со гостилници, ресторани, пекари во кои граѓаните можат да купат солидарен оброк за социјално загрозени семејства, како и хуманитарни продажни акции за обезбедување парични средства преку изложување предмети од рачна изработка.

– Во рамки на кампањата се организира акција за обезбедување парични средства од корпоративниот сектор. Во акцијата ќе бидат опфатени над 12.000 компании во Македонија. По четврти пат и оваа година акцијата е поддржана од Македонска пошта АД Скопје која ќе овозможи бесплатно да бидат доставени флаери до компаниите за нивно учество и поддршка на акцијата, која е поддржана и од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, рече Саити.

Донациите можат да се уплатат на жиро сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви 070/075/077 143-400.

За промовирање на кампањата Црвениот крст отпечати постер, флаери и вредносни бонови, а со поддршка на МРТВ изработен е и ТВ спот на македонски и на албански јазик.
Саити посочи дека минатата година преку кампањата што ја организирале биле собрани 700.000 денари, направени биле 150 пакети, а бројот на корисници на помошта изнесувал 3.000.
Генералниот директор на Македонска пошта Рафиз Алити рече дека вработените во МП и натаму ќе се вклучуваат во хуманитарни акции.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски