Почина мечето Ушко, кое беше пронајдено во шумите во Тетово и згрижено во Грција

Од:

Мечето кое во 2015 година беше пронајдено во близина на Тетово, повредно на задните нозе и згрижено во соседна Грција, почина поради проблеми со бубрезите. Од грчката невладина организација за заштита на дивиот свет и животната средина „Арктурос“ велат дека „Ушко, борецот за живот, не живее повеќе“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со голема жал соопштуваме дека Ушко, борецот за живот кој успеа да стане првата мечка во светот што се движи со инвалидска количка, не живее повеќе. Ушко беше мечка пример за сите и симбол на волјата. Инвалидитетот на задните нозе не претставуваше пречка, ниту ја ограничи неговата желба за живот и игра, пишуваат од „Арктурос“ кои го згрижија малото кафено мече пронајдено кај нас.

Тие велат дека Ушко бил пример за сите нив, бидејќи во краткиот животен век ги научил колку е важно „да се бориш и да не се откажуваш, дури и кога сè околу тебе изгледа тешко и невозможно“.

Откако беше пронајдено повредено малото кафено мече на околу тримесечна возраст, во јули 2015 на иницијатива и по барање на одговорните на Македонското еколошко друштво, Ушко беше префрлен во Грција, а грижата за него ја презеде „Арктурос“.

Првите испитувања, тогаш, беа направени на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Солун и му беше дијагностицирана скршеница на ‘рбетот. Повредата беше толку голема што не можеше да се направи интервенција ниту во Грција, ниту во странство, па така, единственото решение беше употреба на специјално направено помошно средство на две тркала во вид на инвалидска количка за Ушко да може да се движи, а со тоа стана и првата мечка во светот со инвалидска количка.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он