Денеска по кусо боледување почина познатиот скопски адвокат Игнат Панчевски (69). Панчевски во последните јавни настапи тврдеше дека поседува докази за несреќата на претседателот Борис Трајковски и информации за вмешаност на експретседавачот на Собранието, Трајко Вељаноски во масакрот кај Смилковското езеро.
Во 2013 година Панчевски беше ранет во скопски Бутел, а во јавноста тврдеше дека поседува информации со кои може да ја расветли измамата во „ТАТ“.
Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник напладне во капелата на градските гробишта во Бутел.