По средбата со ДУИ, Ванхауте на средба со СДСМ

Од:

По средбата со ДУИ која траеше час и половина, олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте, замина на средба со СДСМ, во партиското седиште.

Како што е познато претставникот од ЕУ, на партиите денеска им го изложува предлогот за изборен законик. Ставот на партиите засега не е познат. По средбата со Артан Груби од ДУИ во Собранието, никој од нив не сакаше да даде изјава. Ванхауте рече само дека нема коментар, но дека цело време е оптимистичен.

Се очекува посредувачот да се сретне со претставници од владејачката партија, по средбата со СДСМ, но се уште не е договорено дали денеска ќе се одржат преговори со учество на сите партии.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски