По предлог на Министерството за правда, партиите ќе добијат четири милиони евра помалку за 2020 година

Од:

На вечерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за правда се донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година. Четири милиони евра остануваат во буџетот, информираат од Министерството.

„Наместо 0,15% од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04%, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари.

Изразено во евра, околу 4 милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од еден милион евра кои ќе треба да бидат распределени согласно законските прописи“, велат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство