По Кочанска загадена и Оризарска река

Од:

По загадувањето на Кочанска река кај село Горни Подлог со непозната материја со лош мирис, од денеска е забележано загадување и на Оризарска река кај село Грдовци.

Како што не информира директорорт на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, Николчо Гоцевски, земјоделци од село Грдовци веќе се пожалиле на загадените води на Оризарска река кои се со зелена боја и со тежок мирис, и создаваат проблеми при полнењето на нивите за сеидба на оризот.

Жителите на Грдовци протестираат за неможноста своите ниви да ги наполнат со чиста проточна вода и бараат одговор од надлежните републички органи за тоа кој ги загадува водите на Кочанска и Оризарска река.

Инаку Водостопснтво „Брегалница“ од Кочани на почетокот на сеидбата на оризот традиционално ги користи водите од реките и водотеците во Кочанскиот регион, за да по првомајските празници биде пуштена за сеидба и водата од акомулациското езеро Калиманци.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он