По инцидентот на фудбалски натпревар, приведени неколкумина, по двајца се трага

Од:

На фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од село Волино и ФК Црно буки од Битола, во Волино-Дебрца, вчера околу 17 часот, дошло до инцидент. Како што велат од МВР, поради незадоволство од одлука на судиите, 47-годишниот З. Т. од село Волино влегол на теренот да ги нападне.

Полициски службеници интервенирале и при неговото приведување З.Т. пружил отпор, а полициските службеници биле попречувани од повеќемина жители на селото Волино, кои подоцна биле приведени во Полициската станица Охрид.

Во попречувањето учествувале уште две лица по кои се трага. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов