По 17 август АВМУ ќе се изјасни за дополнително емитување платена јавна пропаганда

Од:

Во однос на дилемите, кои деновиве се појавија кај радиодифузерите, за начинот на емитување на платената јавна пропаганда во врска со референдумот, Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека до 17 август 2018 година трае јавната расправа за препораките на Агенцијата за медиумско претставување за време на референдумот.

По нејзиното завршување, Советот на АВМУ ќе одлучи дали ќе биде овозможено дополнително време за емитување платена јавна пропаганда, како што побараа дел од радијата и телевизиите.

– Имајќи предвид дека јавната пропаганда е започната, посочуваме дека во меѓувреме, радиодифузерите треба да ги почитуваат одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно платената јавна пропаганда да ја емитуваат во рамки на лимитот за рекламирање од 12 минути на секој реален час, јасно одвоена од другите содржини и со јасно означен нарачател. Притоа, на сите заинтересирани субјекти треба да им се обезбедат еднакви услови за пристап до времето за рекламирање, со еднакви цени за сите, се наведува во соопштението од АВМУ.

За ваквиот свој став, од Агенцијата наведуваат дека ја известиле Државната изборна комисија и писмено и на заеднички состанок.

– Агенцијата смета дека тоа што Законот за референдум утврдува дека овластениот предлагач, во случајов Собранието на Република Македонија, може да води јавна пропаганда, не значи дека има „привилегиран пристап“ до медиумите, ниту во поглед на користењето на времето, ниту во поглед на цените за рекламирање, се наведува во соопштението на Агенцијата за медиуми.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Пет години од референдумот за Договорот со Грција