По 15 часа Ново Лисиче и Аеродром добија струја

Од:

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје, кои повеќе од 12 часа останаа без струја по вчерашното краткотрајно невреме што го зафати главниот град.

Дел од скопските населби синоќа останаа без струја, а причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, според ЕВН Македонија, биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Во утринската информација од ЕВН Македонија беше посочено дека нивни екипи работеле цела ноќ за да го поправат дефектот кој настанал како резултат на вчерашното силно невреме.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост