„Плацеви на Водно“: Алек Теранова тврди дека оставал бланко потписи кај адвокат за фирмата на Белизе, адвокатското друштво негира

Од:

Серјожа Марков, сведок во “Плацеви на Водно” негираше дека Александар Ивановски-Теранова потпишувал документи во адвокатската канцеларија “Марков-Чукиќ”. Тој спротивно на сведочењето од Ивановски-Теранова, кажа дека истиот немал оставено бланко потписи. Според Марков, ниту нотар би дозволил да се прифатат бланко потписи, без странката да биде запознаена со документот кој го заврува.

“Алек Теранова ми приложи полномошно со сите потребни документи за основање домашно друштво со странски капитал. Јас имам адвокатско друштво со повеќе адвокати специјализирани за одредени области. Од моментот кога дојде Алек кај мене во канцеларија, а инсистираше да биде лично со мене, со тврдење дека не е за преку телефон, ми образложи каква правна помош му е потребна, повикав адвокат кој работи во областа на статусно право. Тој кога дојде кај мене приметив ароганција, а пред да ми каже за што е работата рече дека е пратен од премиерот Никола Груевски и дека тоа го работи за него”, рече Марков.

Марков во својство на сведок, кажа дека Александар Ивановски – Теранова, се повикувал на авторитети, односно дека се завршуваат работи за Никола Груевски, тогашен премиер.

“Ми најави дека директор ќе биде Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски. Не го познавав лично Новачевски, но ми најави дека ќе дојде во следните денови. Присутна беше адвокатката Менка, и кажав со нејзе да ја видат коресподенцијата. Неа и кажав директно да го известува Алек Ивановски на писмено. Во наредните денови дојде Ристо Новачевски, јас излегов, се запознав, средбата не траеше повеќе од три минути. При првата средба со Алек Ивановски, имајќи во предвид авторитетот, му реков дека услугата ќе биде бесплатна. Но го замолив да ги плати трошоците кои како што се сеќавам беа за превод, како и нотарските трошоци за заверка. Нотарските не можам да се сетам, мислам ги платија директно кај нотарот, а за преводи, бидејќи не беа платени, а ја добив поплали, дадов налог да се платат од мојата канцеларија”, рече сведокот.

По ова, Мијалков му поставуваше прашња на сведокот Сержоја Марков.

“Дали можам да заклучам дека сведокот на првата средба не потпиша ништо?”, праша Мијалков, а Серјожа рече: “На првата средба немаше предавање документи. Во целата постспка нема никакво потпишување во нашата канцеларија. Целата документација се заведува преку нотар. Немало што да се потпише, тој дојде без документ. За оваа работа кај мене не се јави никој друг освен Алек и Ристо”.

Претходно, по тврдењето дека не потпишал никаква одлука поврзана со фирмата “Сирах инженеринг” и “Сирах лимитед”, освен полномошното, адвокатот Сашко Дуковски бранител на Ристо Новачевски, му предочи на сведокот Александар Ивановски-Теранова и други документи на сведокот каде стои неговиот потпис. За нив, сведокот рече дека не ги знае, а дека потписот е негов, најверојатно оставен на бланко лист.

“Ќе се согласите дека сте запознаени со одредбите на ова полномошно?”, праша Сашко Дуковски, адвокат на Ристо Новачевски.

“Со овие одредби до крај не сум бил запознаен. Ми беше кажано само дека овластувам некој да отвори компанија ќерка во Македонија”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

“Ќе се согласите дека потписот на крајот е вашиот, каде се наведува дека сте полномошник на фирмата ‘Сирах лимитед’ од Белизе?”, рече Ивановски-Теранова, а тој одговори: “Да”.

“Во одредени ситуации кај адвокатите се оставаат бланко потписи. Овие одлуки сега првпат го гледам”, рече Ивановски-Теранова откако му беа предочени и други документи освен полномошното за кое тврдеше дека е единствено нешто што го има порпишано за фирмата “Сирах инженеринг” и нејзино основање во Македонија.

“Како полномошник на ‘Сирсх лимитид’, сте потпишале одлука за избор на управител”, праша Дуковски, а сведокот одговори: “Ова е мој потпис најверојатно оставен бланко. Нема логика да поставам управител кој не го познавам”.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов