Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Од:

Пратеникот Петрушевски денеска изјави дека случајот со наводниот план за преземање на приватната болница „Жан Митрев“ претставува, како што рече, пример за злоупотреба на државни институции од страна на поранешните функционери Венко Филипче и Зоран Заев.

Според неговите тврдења, во периодот од 2017 до 2020 година, додека Филипче ја извршувал функцијата министер за здравство, а Заев бил премиер, преку Фондот за здравствено осигурување биле зголемени средствата што државата ги исплаќала на болницата „Жан Митрев“.

Петрушевски наведе дека износот на средствата, кои болницата ги добивала од ФЗО, во тој период се зголемил од околу 360 милиони на 682 милиони денари, односно за над 320 милиони денари, што според него изнесува приближно пет милиони евра државни пари.

Тој се повика и на изјави на доктор Жан Митрев, кој, како што рече, сведочел за притисоци и уцени со цел болницата да биде преземена по значително пониска цена од пазарната.

Во своето обраќање, Петрушевски обвини дека биле вршени влијанија врз судството и обвинителството, како и дека биле злоупотребени механизмите на Фондот за здравствено осигурување, при што, според него, биле искористени пари на граѓаните за приватни интереси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник