Петрушевски: Ковачевски и владата не ја известуваат ДКСК за именуваните функционери

Од:

Аферата Тајни имоти, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се. Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Аферата Тајни имоти опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции. Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот. Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот. По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста вели Пертушевски.

Аферата Тајни имот вели Петрушевски во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ