Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка.
И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции.
Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно.
Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите.
Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење.
Тоа што е важно за граѓаните е дека се прават максимални напорни за стабилизиање на ситуацијата во Гостивар, а тоа што СДС се јавува со прес конференции на кои дели совети, а често и лаже треба да разберат дека е на штета на нив, рече Петрушевски.
