Петровска: Враќањето на Ставрески е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од режимската матрица

Од:

Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена. Таму е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Последен доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески. Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала вели пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

– Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“. Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се појасно станува брзањето на Мицковски да ја превземете власта. Под притисок на бегалецот од Будимпешта, правите план за негово враќање. По негова насока ги враќате на пртиски позиции неговите најблиски соработници. Ги спремате ли и судиите кои ќе треба да го ослободат Груевски од секаква вина? Пак го отворивте Тефтерчето, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%