Петровска: Со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, не гледам зошто Лавров би дошол во Скопје

Од:

Министерката Славјанка Петровска на одговор на новинарско прашање во вечерашното издание на Тема на денот во Дневникот на Македонската телевизија одговори и за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје, при што истакна дека ако предвид се има однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледа причина Лавров да учествува на овој состанок.

-Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина, не гледам зошто тој би доаѓал овде, рече министерката, соопшти Министерството за одбрана.

Петровска порача дека изминатиов период Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ навистина даде сè, вложи максимум напори да успешно се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија, стои во соопштението на МО.

-Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки, во случајов и Русија како членка на ОБСЕ треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски