Петровска до Чулев: Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат растојание

Од:

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, контра ставот на техничкиот министер Наќе Чулев, објави дека бројот на заболени од коронавирус е резултат на обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност. Петровска вели дека нејзините предлози за порешителни акции биле игнорирани, а началниците назначени од Чулев велеле дека полицајците немаат метрo за да измерат растојание меѓу граѓаните.

„Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание! И Министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше. Директорот на БЈБ испраќа телеграми кои твоите началници ги кријат во фиока. Бројот на заболени е резултат на колебливоста и обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност“, пишува Петровска.

Според неа, инспекторите и МВР треба да казнуваат за да покажат дека има правда.

„Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси. Македонската јавност и македонската полиција заслужуваат повеќе од ФБ пост или нарачани интервјуа. Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите. Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас. И да, не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа“, додава Петровска.

Би можело да ве интересира

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ДПМНЕ го штити со лаги

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Петровска: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ

Горан Наумовски