Петок и сабота претпладне врнежливо, за Велигден суво и потопло

Од:

Попладнево времето ќе биде променливо облачно, на места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен
правец. Во ноќните часови врнежите ќе бидат поинтензивни, особено во северните и централните делови.

Врнежите ќе продолжат и утре и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м 2. Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Утринската ќе биде во интервалот од четири до 13 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во Скопје утринската ќе биде 10, а максимална дневна 14 степени Целзиусови.

Во сабота утринската температурата ќе се спушти до пет степни, а дневната ќе достигне до 21 степен.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурата во понеделник ќе се движи во интервалот меѓу два и осум, односно дневната од 17 до 22 степени, Во вторник од 4 до 8 степени утринската, додека дневната ќе биде од 18 до 23 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски