А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Петмина скопјани грабнале сопственик на „Масерати“ и го терале да им го препише поради долг

by А1он11/09/2020 - 21:4616/09/2020 - 20:286616
Share0

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – грабнување, информираат од Обвинителството.

Добивај вести на вибер

Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил Масерати да го префрли на име на еден од осомничените.

На 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени лица му го пресекле патот на оштетениот со возило Ауди А3 и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по целото тело. Насилно го внеле оштетениот во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот.

Кога стигнале на плацот, четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле физички да го малтретираат оштетениот, удирајќи го со тупаници, клоци и со каиш. Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил БМВ Х5 и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил Масерати го префрлил на име на првоосомничениот.

Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор поради постоење на законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повторат делото. По останатите тројца осомничени се уште се трага и по нивното лишување од слобода надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави соодветни предлози за мерки со кои ќе се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.​

crna hronikakidnapiranje

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин затвори во стан 71 годишник во Хрватска – му се закани дека ќе го убие

А1он19/04/2026 - 18:32

Притвор за двајцата осомничени за грабнувањето кај Демир Капија

Горан Наумовски14/04/2026 - 15:3014/04/2026 - 15:34

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 13:09

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски20/02/2026 - 20:1020/02/2026 - 23:03

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:0817/02/2026 - 21:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто