Петмина државни функционери пуштаа во употреба манастирски паркинг

Од:

Петмина државни функционери, меѓу кои еден вицепремиер, министер и негов заменик, градоначалник и директор, денеска дојдоа во тетовското село Лешок, за да ја сечат црвената лента на пуштањето во употреба на новиот паркинг во познатиот Лешочки манастир.

Тие го пуштија во употреба новиот паркинг од 2300 квадратни метри, кој се наоѓа помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, директорот за Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, градоначалникот Исен Асани и директорот на болницата Исмаил Ваити ја пресекоа лентата за да означат пуштање во употреба на паркингот. Присутен на настанот беше и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.

„Владата сметаше дека за овој регион има приоритет и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Тендерските постапки дури и ја намалија вредноста на изградбата. Од голема важност е да имаат пристапност и паркинг простор, со ова овозможуваме полесен пристап за сите туристи кои доаѓаат во овој крај, бидејќи овој манастир е од исклучителна важност за регионот, не само духовна туку и од културна вредност. Тука се наоѓа и државната болница за белодробни болести која што во регион многу се најде особено во оваа ковид криза и токму поради тоа во вистински момент се направи овој паркинг за да можат сите овие објекти кои се наоѓаат тука да имаат пристапност и паркинг простор. Доаѓаа многу автобуси, многу возила и немаа каде да паркираат. На овој начин и за туристите и за сите оние кои што имаат потреба од болницата, овие објекти станаа подостапни и повеќе ги промовираме. Се разбира важно е и за локалната економија. Со доаѓањето на повеќее туристи и општината има поголема корист и економски бенефит. И потпретседателот Љупчо Николовски помогна да се имплементира овој проект,“ изјави министерот Горан Милевски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски