(ВИДЕО) Петковски: Груевски и Ахмети немаат морален кредибилитет да формираат влада

Од:

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, денеска на прес конференција рече дека настаните во Ѓорче Петров покажуваат дека Груевски и Ахмети неможат да обезбедат соживот меѓу Македонците и Албанците

-По примерот на Ѓорче Петров македонската јавност може да се увери кон што води националистичката и шовинистичката политика на Никола Груевски и Али Ахмети, демонстрирана за време на предизборната кампања на последните избори во РМ. Заслепени од желбата да останат и да ја зголемат сопствената власт и моќ, свесно ги турнаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии. И двајцата лидери во предизборието грмеа по плоштадите во РМ со своите националистички пораки.

Никола Груевски од Македонците бараше 62 мандати за да не го уценува Али Ахмети и да му бара албански јазик, промена на Устав, или некоја од првите три функции во државата, со што практично директно ги провоцираше Албанците.

Другиот пак, Али Ахмети, провоцирајќи ги Македонците, од Албанците бараше 25 мандати за да не може Груевски сам да прави Влада. Дури излезе и со една небулозна теза за консензуален Претседател, за да не можат Македонците сами да си изберат Претседател на својата држава.

После се, многу лицемерно звучи повикот на еден нов пратеник на ДУИ „веднаш да се уапсат виновниците за поттикнување на меѓуетнички тензии“.

Ако тој и неговите сопартијци искрено го посакуваат тоа, не треба да одат многу далеку во барањето на најголемите виновници. Едниот му е Претседател на неговата партија, а другиот Претседател на неговата Влада.

Бидејќи резултатите од една налудничава политика се многу видливи, Груевски и Ахмети немаат морален кредибилитет заедно да формираат нова Влада.

Тие недвосмилено покажаа дека не се во состојба да обезбедат соживот меѓу Македонците и Албанците и да обезбедат мирен и безбеден развој на македонското општество, рече Петковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски