Петиција: „Потпиши се за укинување на зонското паркирање“

Од:

„Потпиши се за укинување на зонското паркирање“, ваква електронска  петиција се појави на социјалните мрежи, со која скопјaни се повикуваат да го дадат својот глас за  укинување на  зонскиот систем на паркирање во градов.

Според иницијаторите „проектот ја изгуби својата смисла. А и сите граѓани кои коментираат на социјалните мрежи се со став дека ова било смислено само за  полнење на нечии приватни џебови.

Според првичните најави, проктот на зонско паркирање, требаше да овозможи во строгиот центар да можат да се паркираат возилата само за кратко, за да се заврши неопходната работа, и потоа да се отстапи местото на друго возило.

Ова, велат иницијаторите, е класичен пример за рекет од институциите, затоа што земјиштето е на граѓаните.

„ Не можеме веќе да си ги посетиме пријателите и роднините, бидејќи еден час може да не чини и 45 денари. Ова мора да прекине”, се жалат граѓаните.

Петицијата со потписите  ќе се поднесе до Советот на градската власт, а иницијаторите очекуваат дека на тој начин по правен пат ќе се укине зонското паркирање како штетна мерка за граѓаните.

 

 

Би можело да ве интересира

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска

Ноќни линии на ЈСП на новогодишната ноќ според петочен распоред

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Сочниот“ речник на Коце Трајановски

Ана Ололовска

Утре времен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

Ана Ололовска

ФОТО: Јани Макрадули и Љупчо Васовски во посета на семејства во Драчево

Ана Ололовска