Петиција за итна измена на законот за да не се повтори раскрчмување државно земјиште како за 60-катниците спроти ГТЦ

Од:

Граѓанската иницијатива „Екокарпош 3,2,1“ прави петиција за итна измена на Законот за градежното земјиште за да се спречи продажба на државно земјиште како она спроти ГТЦ. Сопственикот, кој од приватни лица откупи 4.605 квадратни метри, доби право да ги откупи од државата и преостанатите 9.048 квадрати и спротивно на интересите на скопјани најави изградба на згради.

Законот за градежното земјиште дозволува сопственикот на 30 отсто од градежната парцела да може да откупи државно земјиште за да ја дооформи.

Активистите бараат окрупнување или дооформување парцели да се дозволи само со сопственост на 80 отсто од парцелата наспроти сегашните 30.

„Бараме итно со скратена постапка да биде донесен нов член од Законот за градежното земјиште, со кој лицето што сака да ја дооформи парцелата ќе треба да има 80 отсто од градежната парцела за да може да го докупи остатокот што е во државна сопственост“, апелираат од „Екокарпош 3,2,1“.

Според актуелното законско решение, доколку лицето има 30 отсто од градежната парцела, државата може да му продаде земјиште со непосредна спогодба.

„Сведоци сме дека во време на мораториум во општина Центар се случи токму ова, окрупнување на градежната парцела спроти хотелот ‘Холидеј ин’ за изградба на висококатници, без притоа воопшто да се почитува законот за урбано зеленило и без да се внимава на условите за хумано живеење“, сметаат од „Екокарпош 3,2,1“.

Активистите бараат Владата и парламентот да почнат да работат во интерес на народот и да овозможат похумани услови за живеење за да може да се спаси она што е останато од животната средина. Нивното барање е во скратена постапка да се направи измена на членот 15 од Законот за градежното земјиште, во кој е предвидено дооформување градежна парцела со сопственост од 30 отсто.

Потписите за измена на законот се собираат онлајн на страницата change.org. Активистите велат дека кога ќе соберат 10.000 потписи, петицијата официјално ќе ја достават до Владата и до парламентот.

Би можело да ве интересира

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

„Смртна казна за убијците на Вања“ – на социјалните мрежи се шири петиција

Анита Петровска Рајковиќ

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници

Ана Ололовска