ПЕС: Контроверзниот Груевски посака смрт на Заев, ги помина сите линии

Од:

Партијата на европските социјалисти е длабоко загрижена по зборовите на контроверзниот кандидат на изборите во Македонија, Никола Груевски, кој кажа дека посакува смрт на нашиот кандидат, Зоран Заев.

Не можам да помислам на нешто по недемократско или нечовечко отколку посакување на смрт на противникот во изборната трка. Никола Груевски отиде предалеку. Ова е кршење на заедничката добра волја базирана на Пржинскиот договор кој доведе до овие избори. Македонија не ја заслужува оваа кампања и вакво лидерство – тоа е срамота, рече лидерот на ПЕС, Сергеј Станишев.

ПЕС целосно ги поддржува преговорите поткрепени од ЕУ и САД со цел надминување на македонската институционална криза преку праведни, фер и демократски избори. Неколку делегации на Партијата на европските социјалисти ја посетија земјата оваа година.

„Нашиот кандидат Зоран Заев ја има нашата целосна поддршка за да го сруши рекордот на Груевски во владата, да го победи на изборите и да ги ослободи граѓаните од заплашувањето и злоупотребата на власта во последните неколку години. Македонија заслужува прогресивен, Европски, отворен лидер кој може да ја однесе земјата напред и да се бори против невработеноста, велат од партијата на европските социјалисти.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија