Пензионерите од Крива Паланка и Ранковце да се пријават за бесплатна бањско-климатска рекреација

Од:

За една недела откако започна пријавувањето за користење бесплатна бањско-климатска рекреација или бесплатен туристички викенд во Подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Крива Паланка се поднесени само пет пријави од страна на пензионерите од општините Крива Паланка и Ранковце.

Од ПO на ПИОМ ги повикаа сите корисници на пензија кои имаат пензиски приходи пониски од 17.000 денари заклучно со 15 февруари да се пријават за користење на услугата бесплатна бањско-климатска рекреација или бесплатен туристички викенд во рамки на владиниот проект.

Услугата може да се користи еднаш во периодот од март до ноември 2019 година во траење од седум дена, а опфаќа: шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен лекарски преглед и патни трошоци во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до установата во која ќе се користи услугата.

Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило, имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација.

Како прилог на пријавата за користење на услугите потребно е да се достави чек од пензија од декември 2018 година, а сите пензионери кои ги користеле услугите од проектот во периодот од 2010 до 2018 година,барем еднаш, немаат право да се пријават на овој повик.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот