ВИДЕО: Пендиков се уште се лекува, повторно не дојде на судењето против неговите напаѓачи

Од:

Оштетениот Христијан Пендиков не присуствува затоа што треба да се направат дополнителни испитувања, а обвинителот се надева дека наскоро тој ќе се појави, истакна неговиот адвокат Стефан Камишевски на второто рочиште од судскиот процес против неговите напаѓачи.

Првото рочиште во Основниот суд Охрид за нападот врз Христијан Пендиков,, беше одложено откако судот го прифати барањето на бранителите на едниот од осомничените за нападот, Илија Спасески да им се достават доказите против него, од кои зависеше и неговото произнесување.

Илија Спасески беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков, охриѓанец со македонско државјанство кој од неодамна се декларира како Бугарин. На 22 февруари Спасески беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А.

Судот привремено му го одзеде пасошот за да не може да ја напушти државата. Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност.

Двете лица се обвинети дека го претепале секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид на паркинг близу угостителски објект во кој прво имало вербална пресметка помеѓу нив.

Следниот ден на 20 јануари, претседателот Румен Радев со владиниот авион на Бугарија организираше транспорт на повредениот Пендиков до државната клиника во Софија. Таму Пендиков беше посетен и од министерот Бујар Османи.

Претепувањето на Пендиков кој наводно имал нерасчистени должнички односи со напаѓачите, наиде на осуда од двете страни, но Бугарија тоа го искористи да го прикаже дека безбедноста на македонските Бугари е загрозена.

Би можело да ве интересира

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

Орце Костов

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов