Пендаровски: Улогата на медиумите е особено важна во време на криза и конфликти

Од:

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до новинарите и медиумските работници во земјава по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

– Важноста на улогата на новинарите и медиумските работници е особено голема во време на неизвесност, криза или конфликти. Во сегашната пандемија од коронавирусот, кога најголем дел од граѓаните се заштитени во своите домови, новинарите и медиумските работници секојдневно се ангажирани со цел да обезбедат брза и точна информација. Паралелно со пандемијата на вирусот ни се случува и пандемија од лажни вести, затоа во овие вонредни околности од круцијално значење е нивната професионалност и објективност, пишува Пендаровски во честитката.

Додава дека за да се развие независно и професионално новинарство потребно е да се обезбедат подобри услови за работа, да се унапредат синдикалните права, да се зголеми безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници и да се ослободат од економската зависност и од политичките влијанија, а институциите да бидат транспаретни.

– Истовремено, за да поттикнат дебата за значајни прашања и да бидат показател за зрелоста на една демократија, медиумите треба да бидат ослободени од страв и од клиентелизам, остварувајќи го едно од фундаменталните човекови права, слободата на говор, порачува Пендаровски во честитката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски