Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Од:

Пресудата на Европскиот суд за човекови права треба добро да биде проучена од судовите, велат за А1он од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, откако судот во Стразбур пресуди дека ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески бил лишен од слобода без доволно причини, но и дека имало недостаток на „брзо“ разгледување на куќниот притвор.

„Претседателот Пендаровски и досега јавно укажувал на потребата од значителни реформи во нашиот правосуден систем, со оглед на довербата која ја има од јавноста и забелешките во однос на извештаите за напредок од страна на ЕУ. Во таа насока смета дека е потребно и во однос на примената на мерката притвор, чија примена е прашање на кое долго време се укажува, да се применуваат европските стандарди и судска практика“, велат од кабинетот на Пендаровски за А1он.

Судот пред два дена донесе одлука дека Јанакиески бил незаконски лишен од слобода за предметите „Шпански скали“ и 27 април, а во образложението наведе и дека споро се носела одлуката во Апелација, каде тој се жалеше за мерката куќен притвор.

Кривичниот суд пак, реагираше дека судот во Стразбур констатирал дека притворот бил оправдан, но дека имало пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен, иако во пресудата е наведено: „Има повреда на член 5 став 3 од Конвенцијата поради недостаток на доволно причини за лишување од слобода на апликантот“.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

А1он

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски