Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“

Од:

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска во претседателслата канцеларијата “Млади Хаб” се сретна со продавачите на единственото улично списание за одржлив развој „Лице в лице“, со дел од нивните координатори, како и со претставници на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, којашто е издавач на списанието.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, преку непосреден разговор, продавачите на уличниот печат, на Пендаровски му објаснија дека нивниот ангажман во списанието „Лице в лице“ им помогнал да преземат конкретни чекори за подобрување на својата животна состојба.

Исто така, тие истакнаа дека преку продажба на уличното списание и процесот на работна интеграција, градат вредности коишто за нив биле непознати дотогаш.

Продавачот Хасан Аметовски, кој важи за еден од најискусните продавачи и е регрутиран преку Црвениот Крст на Град Скопје, вели дека секогаш го ценел трудот на луѓето кои работат и заработуваат.

За­поз­на­ва­ње­то и ши­ре­њето на ко­нек­ци­и­те со мно­гу ху­ма­ни лу­ѓе пре­ку оваа ра­бо­та за ме­не зна­чи и лич­но по­до­бру­ва­ње на осо­би­ни­те ка­ко чес­ност, искре­ност и про­ду­ктив­ност. Се­то ова се одра­зу­ва на мо­јот живот и резултатите кон кои се стремам, ве­ли Хасан.

Меѓу присутните продавачи беше Валентин Ракип, лице без матичен број.

Секогаш кога некој за мене ќе рече дека сум дете фантом, не се чуствувам убаво.

Тоа за мене е исто како да не постојам, рече Валентин на средбата, и додаде дека државата треба подеднакво да се грижи за сите свои граѓани, без разлика во какви околности се родиле и растеле.

На средбата претседателот Пендаровски ја поздрави мисијата на списанието „Лице в лице“, економски и социјално да ги зајакне ранливите групи граѓани во нашето општество, истовремено делувајќи во насока на кревање на јавната свест за важни прашања за развојот на општеството.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски