Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Од:

Претседателот Стево Пендаровски се уште не се одлучил дали ќе го потпише Законот за игри на среќа или ќе остане на дадената изјава, дека нема да го потпише и ќе го врати назад во Собранието. Од неговиот кабинет за А1он велат дека спроведува консултации со правни експерти, по што ќе го донесе конечниот став.

„Претседателот Пендаровски спроведува консултации со правни експерти од областа во однос на донесениот Закон за игри на среќа. Откако ќе завршат консултациите, претседателот ќе го изнесе јавно својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски за А1он.

Здруженијата пак, го повикуваат претседателот да не го потпишува Законот, бидејќи со измените кои ги изгласаа пратениците, околу 10.000 вработени ќе останат на улица. Тие се повикуваат на изјавата на Пендаровски, дека нема да стави потпис на Законот, нешто што Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа го кажа во интервју на А1он.

„Претседателот Пендаровски претходно кажа дека нема да го потпише указот. Како АПИС и АСОМ имавме средба со претседателот, ги кажавме сите факти, колкав број вработени има оваа индустрија, дека учествуваме во буџетот на Република Македонија со над 280 милиони евра кои што процентуално, во однос на буџетот за 2024 година е 5 отсто. Сите овие наводи беа претставени кај претседателот“, кажа Стоименов.

Доколку сепак претседателот стави потпис на Законот кој го изгласаа 55 пратеници во Собранието, здруженијата на приредувачи на игри на среќа најавуваат дека измените кои беа донесени, ќе се најдат пред уставните судии кои ќе го имаат последниот збор.

Инаку, мандатот на Пендаровски истекува наскоро, а се уште нема информација дали СДСМ ќе го поддржи за кандидатура за уште еден претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

„Влен“ најави покренување на правосилни постапки за злоупотреби на службена положба за незаконски одлуки поврзани со игрите на среќа

Пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата на Собранието поради Законот за игри на среќа

Митева: Ограбена држава – СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

АПИС со соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Предраг Петровиќ