Пендаровски: Решение на спорот меѓу Белград и Приштина за регионална стабилност, наместо нова дестабилизација

Од:

Денеска на ААБ Универзитетот во Приштина започна дводневниот прв Косовско-македонскиот безбедносен форум 2018 година на тема „Зајакнување на безбедноста преку соработка помеѓу Косово и Македонија”, кој е во организација на Факултетот за безбедност-Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер” за Косово и Универзитетот ААБ.

На отворањето на форумот говореа универзитетскиот професор Стево Пендаровски национален координатор на Република Македонија за членство во НАТО, Агим Нухиу заменик министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Бесник Тахири координатор за безбедносни реформи на Косово, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје Никола Дујовски, претставници на Фондацијата „Конрад Аденуаер”, ААБ Универзитетот како и претставници од академската заедница и безбедносните институции на Република Македонија и Република Косово.

Во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина националниот координатор на Република Македонија за членство во НАТО нагласи дека „сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко сигурно ќе го поддржат решавањето на преостанатиот спор меѓу Приштина и Белград, кој, на крајот, ќе придонесе неизмерно за неповратната пацификација на регионот. Сепак, посакуваниот исход нема да биде возможен ако применетите методи се земени од архивите од 19 и 20 век. Морам да бидам отворен со вас – да се надевам дека размената на населението и промена на постојните граници на Балканот нема да го дестабилизираат регионот, што не е во допир со реалноста”. Воедно меѓу другото додаде дека „само два примери се доволни за потсетување, прво сите треба да бидеме свесни колку е тежок процесот на донесување на законот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора. Второ, во Македонија, сеуште имаме горчливи сеќавања кога се сеќаваме на сите тешкотии низ кои се обидовме унилатерално да ја демаркатираме границата со Косово. Ни требаше скоро една деценија да успееме и тоа се случи само откако сите релевантни чинители беа вклучени во постапката на теренот”, рече Пендаровски.

На првиот косовско-македонски безбедносен форум во Приштина во организација на Факултетот за безбедност-Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер„ и ААБ Унивверзитетот од Приштина, националниот координатор на Република Македонија за членство во НАТО децидно нагласи „позицијата на македонската Влада е дека го поддржува заемно прифатливо решение меѓу Белград и Приштина, но само решение со потенцијал да придонесе кон регионалната стабилност. Или, да речеме со други зборови: нашата заедничка цел треба да биде: да се реши еден проблем, но, истовремено, да не се креираат неколку други”.
Зборувајќи за пошироката безбедносна агенда, според македонскиот националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски, Косово и Македонија имаат широка област за соработка, заедно со меѓународните партнери, во борбата против тероризмот и верскиот екстремизам, неутрализирање лажни вести или следење на нашите граѓани кои се вклучени во војните во Блискиот Исток кога се вратија дома. Регионалната безбедносна соработка се шири билатерално и мултилатерално во рамките на форумите како што е групата на Јадранската повелба, нагласи во Приштина Пендаровски.

„Деценискиот процес на комплетирање на таканаречената евроатланска зона на стабилност и просперитет се приближува кон својот крај, бидејќи пристапувањето на Македонија во НАТО полека, но, постојано станува реалност”, истакна во Приштина националниот координатор Стево Пендаровски. Според него, Владата во Република Македонија многу придонесува за регионалната стабилност преку негување на добрососедските односи во изминатата година и половина. Прво, договорот постигнат со Бугарија, а подоцна и уште повеќе, договорот со Грција ги олеснил тензиите меѓу директните соседи и направил големи чекори напред кон помирувањето меѓу народот, толку многу неопходно по долги децении на тензии, конфликти и војни на Балканот. Се разбира, другите три соседи на Македонија во меѓувреме, според Пендаровски не беа заборавени, бидејќи Владата отвори дијалог на различни нивоа со сите нив на невиден размер.

Пендаровски во Приштина на Форумот на претставниците на академската заедница и безбедносните институции рече дека нашите луѓе не се подготвени да чекаат да се решат сите отворени билатерални спорови за да живеат во просперитетно општество. „Квалитетот на демократијата во регионот главно зависи од домашните политички елити и, да бидам искрен, сеуште не е зацврстен. На крајот од денот, демократијата нема да се одржи ако не сме способни да ги отфрлиме не-регионалните влијанија и обидите на нелибералните модели на демократија да продираат во самата ткаенина на нашите општества.
Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје Никола Дујовски најави поинтензивна академска соработка во областа на безбедноста меѓу Република Македонија и Република Косово.

Од страна на Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје Марјан Ѓуровски беше промовирана заедничка публикација „Студија на случај за регионалната безбедноста соработка меѓу Косово и Македонија” која е издадена на македонски, албански и англиски јазик.

„Македонија и Косово прво треба да имаат функционална безбедност за да можат да имаат и регионална стабилност, да придонесуваат кон операциите за поддршка на мирот и да се интегрираат во евроатланските и европските институции”, рече професорот Ѓуровски. Според него безбедноста на државата, вклучително и нејзините граѓани, економија и институции, ги опфаќа, покрај активностите на други држави, и дејствијата на насилните не-државни актери. Генерално, поимот безбедност се однесува на безбедноста на една држава од закани, како што се тероризам, војна или шпионажа. „Потенцијалните причини за национална несигурност вклучуваат активности на други држави (на пример, воен или кибер напад), насилни не-државни актери (на пример, терористички напад), организирани криминални групи, како што се нарко-картели, но и последиците од природни катастрофи (на пример, поплави, земјотреси). Зајакнувањето на безбедноста на Косово и во Македонија позитивно ќе влијае врз добро владеење и ќе има витално значење за надминување на последиците од различни конфликти во двете земји и за спречување на повторни појави на насилни инциденти и терористички акти. Безбедноста и мирот се јавни добра и општеството во целина, како и поединците во него, имаат полза од подобрувањето на безбедноста. Без неа, тие нема да успеат во воспоставувањето и оддржувањето на владеењето на правото, обезбедувањето на општествен развој и економски пораст и заштитата на нивните млади демократии”,заклучи Ѓуровски.

Во Косово на регионалниот настан дебатираат на едно место академската и стручната јавност и воедно од професори од Република Косово, Република Македонија и од Босна и Херцеговина каде се детектираат механизми со кои двете земји ќе се справуваат со заедничките безбедносни ризици и закани.

Теми на форумот се: реформи во безбедносниот систем, заканите од тероризам и странски борци, како и нивната ресоцијализација и безбедносната дилема, и промените на границите за создавање на етнички „чисти“ држави или управување со малцинските права. Во рамки на проектот се спроведе анализа и истражување во три области кои се однесуваат на концептот на безбедноста во двете држави, реформа на безбедносниот сектор, закани од тероризам и странски борци,ресоцијализација, дерадикализација и зголемување на безбедноста преку политиките за правата на малцинствата и опасност од промена на границите во регионот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски