Пендаровски нареди да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди

Од:

На предлог на Генералштабот на Армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, сподели претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Ова, како што посочува, е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на Армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата.

– Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на Армијата е во тек, напиша Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско