(ВИДЕО) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Од:

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара функционерите веднаш да постапат и да ги повлечат своите роднини од работните места откако вчера Антикорупциската комисија обелодени сериозни индиции за непотизам при вработувањата на роднини на функционери.

Тој го поздравува овој чекор и вели дека на овој начин Македонија ќе стане земја со демократски капацитети каде што ќе владее правото без непотизам и партиски влијанија.

„Го поздравувам потегот на Антикорупциската комисија. Нејзината постапка беше без преседан. Функционерите треба да имаат доблест, одговорност и да бидат свесни дека се избрани јавно и да ги повлечат своите блиски од работните места. Впрочем Антикорупциската комисија не е партиско тело, составена е од експерти и не може никој да каже дека нејзините одлуки се пристрасни. Затоа уште еднаш повикувам да се почитуваат нејзините одлуки во целост“, порача Пендаровски.

На прашањето доколку беше тој на местото на некои функционери кои се најдоа на листата на ДКСК за непотизам, кажа дека без размислување, без разлика дали влијаел при вработувањето или не, би ги повлекол роднините од работните места.

Во врска со вториот круг од претседателските избори, Пендаровски кажа дека очекува дека ќе има најмалку 42 отсто одзив и дека изборите ќе бидат успешни и дека не гледа причина за бојкот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ