Пендаровски: Анкетите на ВМРО-ДПМНЕ се лажни, СДСМ ќе ги добие изборите

Од:

СДСМ вечерва на партиски Конгрес ја официјализираше поддршката за нов претседателски мандат на актуелниот шеф на државава, Стево Пендаровски.

Пред Конгресот, поддршка на Пендаровски му дадоа Централниот одбор откако претходно беше усвоена и од Извршниот одбор.

„На вечерашниот конгрес Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврди својата поддршка за мојата кандидатура за втор мандат.

Им благодарам на укажаната доверба.

Во изминатите денови добив јавна поддршка за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат. Денеска многу граѓани со своите потписи ја дадоа поддршката и за само неколку часа ги собравме над потребните 10 000 потписи.

Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа.

Да продолжиме да работиме на создавање отворено, креативно, иновативно и демократско општество во кое ќе има место за секој, каде сечиј потенцијал ќе се цени и секој ќе добие можност да успее тука, дома.

Ви благодарам на сите за поддршката. Продолжуваме заедно!, се огласи Пендаровски.

Претходно тој оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и оти вистинските анкети покажуваат дека СДСМ и тој ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.

„Реалните анкети што тие не ги дават во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети“, рече Пендаровски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, нема никаков став за стратешките прашања на државата.

„Кој е нивниот предлог за преговарачката рамка? Велат ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт. Со таков пристап не можете и не смеете да бидете претседател на месна заедница. Тоа се луѓе кои не се извинија за најголемиот срам во историјата на Македонија – 27 април“, рече Пендаровски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја направиле најголемата стратрешка грешка во историјата бидејќи за време на пописот активно работеа на бојкот, а резулататот, посочи, е што 130.000 етнички Македонци ги послушаа и не се попишаа.

„Немојте да имате никаков страв, тоа се луѓе кои немаат никави квалитети, имаат само една желба да дојдат на власт и да останат во фотелји. Тоа не смееме да го дозволовиме“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Течат роковите за приговори до ДИК, нема прегласување на трите избирачки места во Куманово, ќе бидат разрешени избирачките одбори

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

A1on

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески