Пеколно топло време, и во наредниот период, велат синоптичарите. Нашето подрачје ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови и натаму стабилно и суво време, а температурите повторно ќе бидат во пораст.
Утринските температури во Македонија денеска ќе се движат од 8 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат 35 степени. УВ индекс 8.
Граѓаните, особено постарите, децата, бремените жени и болните, за време на топлотниот бран треба да избегнуваат излегување во текот на најжешките дел од денот, од 10 до 17 часа.
Треба да се избегнуваат и напорни физички активности, да се лади телото со туширање или капење во млака вода, да се пијат доволно течности, и да избегнува алкохол и пијалоци со премногу кофеин и шеќер.
Се препорачува светла облека изработени од природни материјали, заштита со шапка или капа и очила за сонце.