Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Од:

Во врска со информацијата за појавен случај на салмонела во Берово, а со цел да се спречи паника помеѓу населението и особено помеѓу родителите на децата, кои ја посетуваат детската градинка во Берово, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вечерва излезе со известување во кое информира дека за настанатата состојба е известен Центарот за јавно здравје од Кочани, земени се мостри по сите можни правила и прописи и во најкраток можен рок се очекуваат добиените резултати.

– Доколку се потврди присуството на бактерија салмонела, ќе бидат преземени сите можни пропишани мерки и секако ќе се побара одговорност, од директно надлежните. Одговорноста над процесите и институциите е она што го прави системот функционален и во служба на граѓаните. Сепак, пред одредени факти да бидат потврдени, непотребно е да се создава паника и да се влева страв, меѓу населението, рече Пекевски.

Како локална власт додаде дека должност на надлежните е да направат се што е потребно, се со цел да се заштити здравјето на децата.

– Дополнително, ќе бидат извршени и вонредни инспекциски надзори, во објектите кои се засегнати со конкретната состојба, со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, и откривање на изворот на зараза, додаде беровскиот градоначалник.

Известувањето доаѓа откако кон крајот на минатата недела се прошири веста за присуство на бактеријата салмонела во детската градинка ,,23 Август”, заради што со почетокот на рабоната недела беа испраѕени мостри за испитување во Центарот за јавко здравје

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Орце Костов

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски