Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Од:

По објавувањето на написот за пронајдениот шприц, од градинката испратија соопштение кое го пренесуваме интегрално:

„Во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека деца во градинка во Центар пронашле искористен шприц, Градинката „13 Ноември” информира дека детето го извадило шприцот без игла од џебот откако се вратило дома, а потоа откако поминал празникот, по три дена родителите ја алармирале градинката.

Двајцата родители имале состанок со директорката. По кажувањата на детето, инволвирани во играта со шприцот биле уште три-четири деца, од кои само едно дете имало гребнатинка која може да е и од некоја гранка од оградата. Децата се проверени од лекар и родителите велат дека се во добра здравствена состојба. За време на инцидентот имало учителки во дворот, а шприцот најверојатно бил фрлен преку оградата каде се играле децата.

Дополнително, минатиот вторник на 9 септември менаџментот на градинката одржа средба со претставник на групата родители. Донесени беа неколку заклучоци:

•Патролното обезбедување да врши почеста контрола на територијата каде се наоѓа градинката, да биде засилен надзорот и хигиената во дворот во утринските часови и покрај секојдневното чистење и полевање на дворот.
•Со децата да се разговара за потенцијалните опасности по нивното здравје во однос на предмети кои не им се познати.

Заклучоци од состанокот

1.Градинката има патролно обезбедување SGS (да се зголеми надзорот и контролата над објектот и дворот по настанот секојдневно).
2.Секое утро проверување и чистење/миење на дворот пред децата да излезат (особено во дел каде децата гравитираат).
3.Секое утро пред децата да излезат разговор со нив за опасности кои постојат и што не смее да се прави надвор и што треба да се пријави кај учителките.
4.Надвор да има исклучиво организирана игра (да не се оставени сами да смислуваат игра). Учителките да се креатори на играта смислена со цел учење и надзор.
5.Поголема хигиена (задолжително проверување на џебови, миење раце и пресоблекување по влегување внатре/спиење).

Би можело да ве интересира

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми