Педестина верници од Крива Паланка скокнаа по светиот крст во Крива Река

Од:

Во водите на Крива Река по Богојавленскиот крст скокнаа 50-тина верници, а најсреќниот кој го извади крстот од водите на реката беше Никола Јовановски.

Чествувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици започна со Богојавленската литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка, по што беше спроведен чинот на фрлање на крстот во водите на Крива Река.

Локалната самоуправа на Крива Паланка како и секоја година за најсреќниот верник обезбеди награда. Никола Јовановски доби телевизор кој му го врачи градоначалникот на општината, Арсенчо Алексовски.

По фрлањето на крстот верниците се упатија кон градскиот плоштад каде се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада 2015“.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он