Пазарните инспекциски контроли од денеска засилени со финансиска полиција

Од:

Пазарните инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски ги предупреди угостителите дека овој протокол по барање на Комисијата за заразни блести продолжува да се применува.

-Да ги предупредиме угостителите дека и овој протокол по барање на Комисијата за заразни блести продолжува да се применува, а за да се легитимираат лицата, од денеска контроли ќе прави и финансиска полиција која има право да легитимира. Направен е разговор и со обвинител како да се постапува, нагласи Пауновски, додавајќи дека досега не е казнет ниту еден угостител кој дозволил четворица гости да седат на иста маса.

Според Пауновски, најголемиот број преземени мерки од повторното отворање на угостителските објекти досега, се за служење гости во внатрешниот дел, недоволно обезбедени дезинфекциски средства и прекувремено работно време.

-Казните поднесувани во овој период, посебно кривичните, се за овие грешки на угостителите. Но, угостителите се казнувани и за нерегистрирана дејност. Многу од нив работеле како нерегистрирани или во почетокок на пандемијата се одјавиле, а сега пак почнале да работат како нерегистрирани. Такви има многу случаи и против нив се преземени мерки, рече Пауновски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш истакна дека мерките се носат за заштита на граѓаните, а не за некој да не ги почитува и да биде казнет. Од свеста и совеста на граѓаните ќе зависи дали ќе има казни или не, подвлече Пауновски.

На прашањето зошто се казнуваат хотелите кои примат гости кога со уредба не се затворени, директорот на Инспекторатот напомена дека е во тек носењето протоколи за нивно отворање.

-Владата и Комисијата за заразни болести во Уредбата 22 забранува работење на сите угостителски објекти. Во Законот за угостителство во член 18 и 19 многу убаво е нагласено што спаѓа во угостителска дејност. Тука се и хотелите. Одговорно тврдам дека Инспектратот работи согласно уредбите и членовите од законите. За отворање на хотелите се подготвуваат протколи, рече Пауновски.

На новинарско прашање дали се контролираат угостителските објекти и дали има казни во Тетово, тој беше дециден дека од отворањето на угостителските објекти досега 473 субјекти се исконтролирани, кај 36 се преземени мерки, 26 се затворени и изречени се пет кривични пријави.

– Контролите се зајакнати на ниво на цела држава, посебно во регионите како Куманово, Скопје, Тетово и околните опшптини, но се вршат и низ цела држава. Во Тетовско има инспектори, дополнително зајакнати со инспектори од Гостивар и Скопје. Контролите продолжуваат, од денеска зајакнати со финансиска полиција, МВР и ЕБР. Она што ние дадено како задача од Владата, ќе сториме максимум да го исполниме, дополни Пауновски.

Претходно, директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини информира дека најголемиот број казни за јавниот превоз досега се изречени поради непочитување на основните мерки согласно кои превозникот има обврска да ги деинфицира возилата, да го ограничи бројот на патници до максимум 50 отсто и да гарантира дека сите патници носат заштитни маски и ракавици.

На прес-конференцијата во Владата претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска соопшти дека од 4 до 9 јуни шестте инспекциски институции извршиле 4.194 вонредни надзори.

Филиповска Грашкоска најави засилени контроли во Скопје и уште неколку други општини каде што е регистриран поголем број заразени со коронавирусот, но, нема да се занемерат, рече, и другите општини и населени места. Многу е важно стопанствениците да ги почитуваат протоколите, а граѓаните да регираат ако забележат некакви пропусти и притоа тие лично да ги применуваат заштитните мерки, напомена претседателката на Инспекцискиот совет, додавајќи дека инпсекторите ќе бидат строги во контролите и ќе изрекуваат санкции ако утврдат недоследности.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска