Денеска во Полициска станица Тетово, 40-годишниот Ф.И. од село Џепчиште, 38-годишниот Г.А. од село Слатино и 31-годишниот И.И. од Тетово во својство на службени лица од Државен пазарен инспекторат во Тетово пријавиле дека околу 01.10 часот додека преземале службени дејствија за контрола на работно време во угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово биле омаловажувани од С.А. од Тетово, кој агресивно се однесувал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.