Партиските лидери два часа разговараат за датумот за парламентарни избори

Од:

Во ист состав како и првиот пат, со мали промени кај партиската придружба, во вилата Водно лидерите на политичките партии во земјата разговараат за датум за парламентарни избори. Средбата започна нешто по 12 часот, а со неа раководи претседателот Стево Пендаровски, а учествуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Услов да се одржи оваа средба беа добивањето здравствени протоколи за спроведување на кампањата и гласањето на изборниот ден, мислење од ДИК за временската рамка што им е потребна, како и информација од ОБСЕ/ОДИХР во врска со нивното присуство односно набљудување на изборите.

Најголемите партии, пред да седнат, по втор пат на оваа маса, во јавноста ги искажаа своите ставови за одржувањето на парламентарните избори и според нив разликите се големи. СДСМ е за брзи избори, вчера ДУИ излезе со ист став, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да се брза, туку во прв ред да биде здравјето на граѓаните.

Исто такво разногласие имаше и меѓу членови на ДИК во однос на времето потребно за Избирачкиот список и другите изборни дејствија. Извесно е дека се можни летни избори.

И на оваа втора лидерска средба за одржување на парламентарните избори, која се одржува во сенка на коронакризата, се запазени сите здравствени мерки и препораки, односно лидерите се со маски, седат на одредена раздалеченост, како и нивните експертски или партиски придружници. Средбата се одржува на отворено, како и минатиот пат.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска