Партиски лобирања за избор на нови членови на Антикорупциска комисија

Од:

Партиски лобирања и притисоци пред изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се случуваат непосредно пред изборот на кандидатите и додека во тек се интервјуата, дознава „Макфакс“. Според нашите извори, политичките партии имале свои фаворити од пријавените кандидати, па зад вратите на Собранието каде што веќе трет ден течат интервјуата, се случуваат лобирања кој треба да биде избран и да влезе во новиот состав на Антикорупциската комисија.

ВМРО-ДПМНЕ наводно барале да имаат двајца членови во ДКСК на кои тие им даваат поддршка, но сè уште е неизвесно дали ќе имаат можност да лобираат за еден или за двајца. Свои кандидати бараат и СДСМ и ДУИ, а голема е веројатноста на чело на комисијата да застане жена.

Многу административци без конкретни одговори на прашања, искусни правници, луѓе во кои навистина се наѕира желба и волја да внесат видни промени во борбата против корупцијата, но и луѓе кои со себе влечат поврзаности со партиски структури досега ги поминаа интервјуата кои ги вршат Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од редовите на пратениците, а како претставници на невладиниот сектор во Советот за соработка на НВО со Владата се Сабина Факиќ и Бесим Небиу. По предлог на Народниот правобранител, член на комисијата е Драги Целевски, поранешен заменик-народен правобранител.

Во публиката присутни се и други пратеници, новинари, претставници од невладиниот сектор кои имаат право да поставуваат прашања.

Од вкупно 80 пријавени кандидати, 58 ја поминаа првичната селекција. Меѓу нив се Гоце Наумовски, професор на Правниот факултет и брат на Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, Ангеле Илиевски, адвокат на Зоран Верушевски, Горан Митевски – ексдиректорот на УБК, обвинителот од случајот „Пуч“ Златко Биковски. Меѓу пријавените е и новинарот Горан Трпеноски, Софка Пејовска-Дојчиновска, поранешен генерален секретар во Антикорупциската комисија, Маја Малахова, поранешна судијка и претседателка на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Тања Алтанџиева, поранешна членка на ДИК и многу други.

Неизвесно е кога јавноста ќе има можност да ги види интервјуата на собранискиот канал како што беше најавено, со оглед на тоа што интервјуирањето завршува утре попладне, а до вечерта или до четврток сабајле седумчлената комисија ќе треба да предложи седум членови за новиот состав на ДКСК.

Изборот на кандидатите ќе покаже дали навистина овој процес на избор е со намера да се формира независно тело за борба против корупцијата или пак станува збор за фарса со цел повторно да се изберат кандидати зад кои стојат политички партии.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран