Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

Од:

Демократската партија на Албанците денеска во Тетово го одржува Централното собрание.

Членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата, рече дека сè уште не добиле покана, но и дека нема да ја одбијат доколку добијат. Алиу нагласи дека ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови.

-Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со Владата. Едно е јасно, агендата на Демократската партија на Албанија и агендата на Владата и партиите на власт се чини дека се различни, но секако, ќе дебатираме со сите, рече Алиу.

Прашан за локалните избори, Имери изјави дека „поразот на ДУИ не е национална трагедија“, притоа нагласи дека е време за реализација на ветеното , за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.

-Многу ветувања се дадени, сега е време тие да се реализираат. Секако ќе ја повикаме на одговорност албанската партија на власт, бидејќи тие ветија и секако од сега па натаму немаат изговор да не ги исполнат ветувањата. Ние како ДПА ќе го сториме тоа, ќе ги повикаме на одговорност оние што им ветија на граѓаните и кои сега имаат позиции во локалната и централната власт. Тоа што изгуби ДУИ не е национална трагедија, нагласи Алиу.

Би можело да ве интересира

Тачи го напушти Европски фронт, од ДУИ тврдат ќе делувал опозициски во консултација со Ахмети

Катерина Ѓуровски

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови

Меџити за излегувањето на Тачи од Европски фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

A1on

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Тачи пред лидерска: Време е да се разговара јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава

Кристијан Ландов