Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Од:

Демократската партија на Албанците предводена од Мендух Тачи и Европски демократски фронт на Арјанит Хоџа официјално се приклучија на „Европскиот фронт“, во кој веќе се и ДУИ на Али Ахмети и Народно движење на Скендер Реџепи-Зејд.

Шефовите на партиите, Али Ахмети, Скендер Реџепи, Аријанит Хоџа и Мендух Тачи денеска го потпишаа договорот за формирање на Европскиот фронт.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во својот говор пред противниците рече дека ова е натпревар со Русија, а не со лидерите на опозицијата, додека Скендер Реџепи смета дека победата на Бујар Османи на претседателските избори ќе значи убедлива победа на Европскиот фронт на парламентарните избори.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во својот говор рече дека оваа коалиција е продолжение на иницијативата на Арбен Џафери.

„Нашето денешно пријателство значи продолжување на соработката што ја започнавме со Арбен Џафер. Денес го продолжуваме националното патување. Овој фронт нема лични интереси, туку национални интереси“.

Ахмети во одговор на новинарско прашање рече дека дел од Европскиот фронт ќе биде и крилото на Зијадин Села и тоа е прашање на денови.

Би можело да ве интересира

Абази: Фирма блиска на пратеникот Елми Азири добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија

Европски фронт: Не чепкајте го албанскиот јазик

Катерина Ѓуровски

Исценирана дестабилизација од Мицкоски, не паѓајте на провокации: Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор

Еден од најголемите соработници на КОС во Југославија, Али Ахмети да не се секира за Македонците порачуваат од ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Громогласниот молк на СДС и опасните последици од нивната коалиција со ДУИ

Ахмети: Македонците нема да постојат ако не соработуваат со Албанците