Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови

Од:

Од Европскиот фронт предводен од ДУИ денеска не ги коментираат информациите дека Мендух Тачи излегол од коалицијата.

Портпаролот на ДУИ Арбр Адеми во изјава за МИА вели дека пратеничката група е функционална.

– Пратеничката група е функционална и работи во полн состав, одговори кусо Адеми.

И Блерим Беџети од Европскиот фронт денеска на прес-конференција во Собранието даде речиси идентичен одговор.

– Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието. За други прашања или дилеми треба да се обратите до Мендух Тачи или до Али Ахмети, рече Беџети.

На новинарско прашање зошто отсуствал Тачи на настаните организирани од коалицијата, Беџети одговори дека и во други активности се случува да отсуствува некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт.

– И во другите активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Ве уверувам дека тоа е нормално, секој со своите обврски и протоколарни средби може да отсуствува во некоја од средбите, рече Беџети.

Од ДПА за МИА изјавија дека наредните денови ќе има официјално соопштение.

Во изјава за медиумите, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека партиите во Европскиот фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен.

– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити во Арачиново.

Дел од медиумите информираа дека имаат потврда од ДПА дека Тачи ја напуштил коалицијата Европски фронт.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето

Влен: Здравјето ќе се излечи, но не и менталитетот на ДУИ

Горан Наумовски

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести

Катерина Ѓуровски