Во Клубот на пратениците претпладнево продолжија разговорите на партиските работни групи со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхауте за финализирање на договорот од Пржино.
ВМРО-ДПМНЕ на состанокото го преставуваат Силвана Бонева., Илија Димовски и Никола Тодоров, од СДСМ се Оливер Спасовски, Цветанка Иванова и Фросина Ременски, од ДУИ Муса Џафери и Артан Груби, а од ДПА Беким Фазлиу.
Пред состаноткот ниту еден од претставниците на партиите не даде изјава за медиумите.
Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии Питер Ванхауте вчера изјави дека е постигнат одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни/15 јули, но се уште нема финален договор.
– Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор, изјави Ванхауте.
Во изминатите денови Ванхауте имаше одвоени средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.