А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Партиите доставуваат кандидатски листи до ДИК

by А1он12/03/2020 - 22:51755
Share0

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Интергра и СДУ вечерва доставија кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарени избори.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што е најавено, се очекува околу 23:00 часот, тоа да го сторат и СДСМ и Беса, а до крајниот рок и други политички партии. Претходно кандидатски листи за предвремените парламенарни избори на 12 април доставија и Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици, Глас за Македонија за пет изборни единици и Демократи за сите шест изборни единици.

По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик.

ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции.

Следете a1on на Youtube YouTube

Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.

ДИК има пропишано и рокови за остранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Листите што ќе бидат поднесени по рокот ќе бидат отфрлени.

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

dikizbori 2020politicki partii

Би можело да ве интересира

Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за европски вредности

Горан Наумовски26/05/2026 - 11:22

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео