„Паркобрани“ со поддршка за референдумот за ГТЦ

Од:

„Во текот на вчерашниот ден од страна на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски беше соопштено дека поднесува иницијатива за спроведување на референдум за задржување на изгледот на Градски Трговски Центар.

Граѓанската иницијатива „ПАРКОБРАНИ” која во изминатиот период се залагаше за зачувување на зеленилото и отпор кон проектот „Скопје 2014“ и барокизација на градот Скопје и општината Центар во целост ја поддржува оваа иницијатива“, се вели во соопштението на „Паркобрани“.

„Ја поздравуваме иницијaтивата од страна на градоначалникот Андреј Жерновски како процес кој ќе им овозможи на граѓаните на општина Центар директно да одлучуваат за прашања кои нив ги засегаат а во исто време и како момент каде што граѓаните можат да се обединат по едно прашање кое ги надминува партиските, верските или етничките поделби.

На самиот крај би сакале уште еднаш да ја потенцираме нашата поддршка за спроведување на овој референдум и воедно ги повикуваме советниците во советот на општина Центар да дадат поддршка на оваа иницијатива како би дале и поддршка на граѓаните да учествуваат директно во донесувањето на важни политички и општествени промени“, пишува во соопштението на „Паркобрани“.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов